Селекторната машина Intenza Dezign Line Abdominal овозможува насочен тренинг на стомачната мускулатура.
Го поттикнува максималното активирање на стомачните мускули, а истовремено спречува прекумерно свиткување на ‘рбетниот столб.
Рачките поставени над рамената го ограничуваат учеството на рацете и ја изолираат стомачната мускулатура, додека закривената потпора за грбот ја зголемува амплитудата на движење за подлабока контракција на мускулите.
Подигнатите потпори за стапалата го намалуваат учеството на флексорите на колкот (хип флексорите), задржувајќи го фокусот на стомачните мускули.
Ексцентричниот механизам создава променлив профил на отпорот, кој го намалува оптоварувањето во поранливите делови од движењето и овозможува побезбеден и поефективен тренинг на стомачната мускулатура.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Димензии (Д × Ш × В): 122 × 129 × 151 cm / 48 × 50.7 × 59.4 in
Тежина на уредот: 280 kg / 617 lbs
Тежина на теговите: 110 kg / 242 lbs
Боја на тапацирот: Црна / Saddle Brown
Разгледајте ја нашата целосна понуда на професионални уреди за сила.






